Падобранци на НАТО ќе спроведуваат обука во Македонија

t

Во Македонија пристигнаа 1.800 падобранци од 16-тата воздухопловна јуришна бригада на Обединетото Кралство за да одржат обука заедно со седум други земји на НАТО, вклучително и силите од Македонија. Обуките ќе се одржат на четири различни локации низ земјата, информираат од Британската амбасада во Скопје.

Како што соопштуваат оттаму, во текот на следните недели 2.700 војници од Македонија, Албанија, Грција, Италија, Обединетото Кралство, САД и Црна Гора ќе спроведат обуки за боево гаѓање, како и дневни и ноќни скокови со падобран.

На обуката ќе се демонстрира способноста на земјите-членки на НАТО да се распоредат насекаде низ светот и способноста на нивните војници да работат заедно професионално и успешно. Оваа годишна вежба, која годинава се случува во Македонија, е клучен придонес за европската безбедност, која има за цел да испорача сили со висока готовност во низа улоги, да го зголеми го капацитетот и да ги дополни НАТО и другите европски и глобални безбедносни аранжмани, велат од амбасадата.

Воздухопловната јуришна бригада вклучува падобранци, инженери, артилерија, логистичари, медицински лица, воено разузнавање, специјалисти за комуникации, армиски воздухопловен корпус, кралски воздухопловни сили, механичари и специјалисти за уништување на експлозивни смртоносни средства. Бригадата се распоредува во вежби и операции на глобално ниво со сите возила и опрема потребни за самоодржливост, вклучувајќи хеликоптери, теренски транспортери на тркала и гасеничари, артилериски пушки и мноштво логистички и инженерски возила.

Командантот на кралските инженерски падобранци, потполковник Џек Кросли, е во Македонија од 24 март. Тој го надгледуваше движењето на бригадата од Обединетото Кралство кон Македонија.

Движењето на речиси 2.000 британски војници и сите возила и опрема што доаѓаат со една бригада низ Европа до тука беше огромна задача, која немаше да можеме да ја направиме толку ефикасно без поддршката на вашата Влада и вооружени сили, истакна потполковникот Кросли.

Од 24 март, војници од осум земји на НАТО почнаа да пристигнуваат во Македонија за вежбата БРЗ ОДГОВОР 22, вежба на сојузничките воздухопловно-десантни сили, што е дел од пошироката серија вежби кои се одржуваат низ цела источна Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува потрагата по телото на двегодишната Данка…

Потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ…

Моди вети повеќе работни места доколку победи…

Партијата Бхаратија Џаната (БЈП) на индискиот премиер…

Бочварски: 864 социјални станови за 864 македонски…

Подаваме рака на секого! Изградени 11 социјални…

(Вознемирувачко видео) Снимен е моментот пред трагичната…

Сега се појави вознемирувачко видео од смртта.…

Хрватската полиција протера српски министер од Јасеновац

На министерот во Владата на Србија задолжен…