Објавено на:

ПАНИКА ВО БЕРЛИН: Пронајдена експлозивна направа во седиштето на руската новинска агенција?

t

Берлински криминалистички истражители и обвинители го проучуваат уредот пронајден во станбена зграда во која се наоѓа персоналот на руската новинска агенција во градскиот округ Штеглиц, соопшти полицијата.

Направата е пронајдена во петокот, а истражителите истражуваат колку е опасна и за кого била наменета, изјави портпаролот на берлинската полиција, додавајќи дека повеќе информации ќе даде во текот на денот.

Руската амбасада во Берлин соопшти дека синоќа било фрлено шише низ прозорецот на станбениот блок и дека во последователниот претрес била пронајдена импровизирана бомба, која била идентификувана и деактивирана од германските истражители и побара од германските власти да ги пронајдат и казнат одговорните за овој инцидент, пренесува ТАСС.

Новинската агенција РИА објави дека некои нејзини новинари живеат во тој берлински блок.

Руското Министерство за надворешни работи побара денеска властите во Германија и другите земји од Европската унија и НАТО да преземат чекори за заштита на руските новинари и нивните семејства во странство, објави „Ројтерс“.

„Политички мотивираната одлука за исклучување на руските медиуми од етерот во Европската унија беше претходник на физичко заплашување на руските новинари, што може да кулминира со нивна елиминација“, се наведува во соопштението на министерството, пренесе британската агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започната е специјална операција против Хутите во…

Покрената е мултинационална операција за заштита на…

(Видео) Се испотепаа демонстрантите на “Србија против…

На протестот на листата "Србија против насилство"…

Највисокиот дипломат на ЕУ го критикува Израел…

Западен Ерусалим покажа „ужасен недостаток на дистинкција“…

Шаќири не е задоволен од ПИСА резултатите

Резултататите од истражувањето на меѓународната студија ПИСА…

Сунак: Премногу цивили се убиени во Газа!

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека…