Пендаровски во официјална посета на Црна Гора

t

Претседателот Стево Пендаровски, утре и задутре – 12 и 13 април 2022 година, вторник и среда, ќе престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора.

Во Подгорица, утре – 12 април 2022 година, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, пленарен состанок на делегациите на Република Македонија и Црна Гора и заедничка прес конференција на двајцата претседатели.

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски ќе оствари средби со Здравко Кривокапиќ, претседател на Владата на Република Црна Гора и со Дритан Абазовиќ, потпретседател на Владата и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

Во среда – 13 април 2022 година во Бар ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Македонија и Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел вели дека ја покажал својата способност…

Денешниот напад „имаше намера да му сигнализира…

ЦУК: Изминатото деноноќие 1.709 повици на бројот…

Изминатото деноноќие имало вкупно 1.709 повици на…

САД и Австралија побараа ограничено движење за…

Амбасадата на САД во Израел денеска им…

УКРАИНА СИГУРНО ЈА ГУБИ ВОЈНАТА? Првата линија…

Одложувањето на помошта од Запад значи и…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Моравија починал македонскиот…

На 19 април 885 година во Моравија…