Пендаровски: Да не ја забораваме борбата на нашите предци за докажување на посебноста на македонскиот јазик

t

Денеска оддаваме почит на нашата особеност, на нашиот идентитетски темел и лингвистичка гордост – македонскиот јазик. Јазикот на Конески, Шопов, Јаневски и на сите творци на македонската литературна реч е огледало на самобитноста. Тој е и наше основно човеково право, право на самоопределување и самоизразување, порача претседателот Стево Пендаровски по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик.

Mакедонскиот јазик, вели, афирмиран во светот, има сопствено место во словенското јазично семејство, благодарение на генерациите пред нас кои нѐ задолжија да го негуваме преку неговото писмо, кое токму денеска го чествуваме.

-Не смееме никогаш да ја забораваме борбата на нашите предци за докажување на посебноста на македонскиот јазик и за правото на неговата употреба која била тешка и исцрпувачка. Не помалку лесна е и денес, исправени пред нови, наметнати предизвици, но во духот на европските вредности и нашето начело да ги почитуваме различностите, ќе продолжиме да го истакнуваме нашето свето обележје, нашата инаквост, нашиот идентитетски стожер. Вековната писмена традиција што нам ни ја оставија, претставува најголемото сведоштво за посебноста на македонскиот јазик, вели Пендаровски во пораката.

Обврската да го чуваме и негуваме македонскиот јазик, нагласува претседателот Пендаровски, не е само долг кон нашите предци, туку и кон нашите потомци, кон културното наследство на човековата цивилизација и влог во нашата единствена татковина, како дел од европскиот културен простор.

-Како што ќе рече нашиот Мисирков: Милоста кон народнијо јазик јет наш долг и наше прао. Није сме должни да милуаме нашијот јазик, зашчо тој јет наш исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни, нагласува претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнуваат Светите маченици Теренциј, Африкан,…

Пострадаа за Христа и стекнаа венци на…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

(Видео) Јакимовски: Драги мои сограѓани, две работи…

Драги мои сограѓани, две работи ве молам,…

Потребна е помош за лекување на Дијана…

Се бараат донации од сите хумани луѓе…

(Видео) Јакимовски: Зошто Бујар Османи ако сака…

Геноцид е кога уништуваш се, кога убиваш…