Петровска: Подготвени сме да имаме прва жена генерал

t

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во утринското гостување во емисијата Утрински брифинг, на прашањето кога Mакедонија ќе има жена генерал, изјави дека е подготвена да поддржи такво решение. На прашањето дали за тоа Армијата има соодветни кандидатки, Петровска одговори:

„Од моето неколкумесечно искуство и директна соработка и работа со персоналот и во Министерството и во Армијата, бидејќи кандидатката треба да биде воено лице, апсолутно сметам дека да – имаме таков потенцијал и мислам дека тоа е нешто што треба да се валоризира, не само заради тоа што некој е жена, туку заради тоа што навистина поседува квалитети.

Во тек во Министерството за Одбрана и Армијата се проекти кои ги работиме заедно и со Канцеларијата на Обединетите Нации и со DCAF кои се однесуваат на таргетирање на родово сензитивни прашања – тие вродуваат со огромен успех и се разбира дека секогаш ќе ја имаат мојата политичка поддршка за тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европратеникот Шидер: Македонија може да напредува и…

Македонија може да напредува и да стане…

Ванковска: Соочување на претседателските кандидати е обврска…

Уште еднаш да потсетам на апсурдноста на…

Србин уапсен на граничниот премин Брњак: Косовските…

Србинот од Звечан Среќко Софронијевиќ денеска е…

(Видео) Јакимовски до Силјановска и Пендаровски: Од…

Можете да бегате од дебати со мене,…

Ковачевски: Ќе работам ден и ноќ за…

Имаме јасна визија и конкретен план, како…