Подземни електрични кабли приклучени пред броило откриени кај хотел во Струмица

t

Два подземни електрични кабли кои биле приклучени пред електрично броило и воделе кон објект сопственост на правен субјект (хотел) од Струмица биле откриени од страна на вработен во ЕВН Струмица.

Вработениот по извршениот увид на терен, случајот во пријавил во струмичката полиција.

Курир побара повеќе детали од МВР, од каде информираат дека таков случај кај нив е пријавен на 16-ти месецов во 16:10 часот.

-Од преземените мерки е констатирано дека со каблите не се врши бесправно напојување со електрична енергија на објектот, односно не е констатирано кривично дело „кражба на електрична и топлинска енергија, велат во одговорот од МВР.

Додаваат дека за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Колева: Мора да има одговорност за…

Скандалот со лажните анкети покажа дека постои…

Кремљ: Русија и НАТО се во директен…

Русија и НАТО сега се во „директен…

Цените на нафтата на највисоко ниво во…

Цените на нафтата достигнаа највисоко ниво во…

УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ СОВЕТНИК НА ЗЕЛЕНСКИ! Работел за…

Артем Шило, поранешен советник на украинскиот претседател…