Објавено на:

Полската Влада дели таблети со јод

t

Полските власти дистрибуираат таблети со јод до окружните одделенија на Државната противпожарна служба. Ова во четврток, 29 септември, во етерот на локалната телевизија го соопшти заменик министерот за внатрешни работи Блажа Побожи.

Според него, одлуката за распределба на таблетите со јод на противпожарните служби во одделението е донесена водејќи се од грижата за безбедноста на граѓаните и „рутинските стандардни процедури засновани на принципите на јавна заштита и управување со кризи“. Тој истакна дека ова е продолжение на одлуките донесени од раководството на Министерството за внатрешни работи во врска со ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, пренесува РИА вести.

Побожи додаде дека одлуката „за најдобар начин да се дистрибуираат“ таблетите ќе ја имаат гувернерите со шефовите на локалните самоуправи. Ова ќе се прави во рамките на секој округ.

АЕЦ Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа по број на единици и инсталирана моќност, од март е под под контрола на руската војска. Вооружените сили на Украина редовно го гранатираат градот Енергодар, каде што се наоѓа централата, и територијата на нуклеарната централа. Гранатирањето зачести во август.

Во септември, мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија ја посети централата Запорожје. Како резултат на посетата, агенцијата објави извештај во кој го потврдува фактот на гранатирање. Исто така, повика на создавање безбедносна зона околу нуклеарната централа за да се спречат итни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…