Објавено на:

Поранешниот грузиски претседател и непријател на Путин отруен во затвор

t

Правниот тим на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили објави медицински извештај во кој се наведува дека Саакашвили бил отруен со тешки метали во притвор и е во опасност од смрт доколку не добие соодветен третман. 54-годишниот Саакашвили минатата година беше однесен во болница по 50-дневен штрајк со глад во знак на протест поради неговото затворање.

Американскиот токсиколог Дејвид Смит потврди во медицинскиот извештај дека „тестирањето открило присуство на тешки метали“ во телото на Саакашвили и дека патолошките симптоми што тој ги покажува се „последица на труење со тешки метали“. Смит додаде дека може со голема сигурност да се каже дека Саакашвили бил изложен на токсични агенси, вклучувајќи жива и арсен, дури откако завршил во затвор.

Авторите на извештајот, објавен на 28 ноември, тврдат и дека на Саакашвили му биле давани штетни лекови. Смит додава дека поранешниот грузиски претседател е изложен на зголемен ризик од смрт доколку не му се обезбеди соодветен третман, кој е „одбиен или недостапен“ во Грузија, пишува Москва тајмс.

Сепак, грузиските власти постојано повторуваат дека на Саакашвили му била укажана соодветна медицинска нега. Друг независен лекар, Маријам Јишкаријани, која ја предводеше медицинската комисија што го прегледа Саакашвили, во понеделникот за АФП изјави дека му е „дијагностицирано оштетување на мозокот и невро-интоксикација“.

„Тој боледува од голем број тешки болести, поради кои според грузискиот закон тој повеќе не треба да биде во затвор“, додаде Јишкарани. Тенгиз Цуладзе, лекар со група лекари основана од грузискиот омбудсман за човекови права, рече дека Саакашвили изгубил повеќе од 40 килограми за време на неговиот притвор.

„Грузискиот медицински систем очигледно ги исцрпи сите расположливи средства за лекување на Саакашвили“, изјави Цуладзе за независниот канал Формула ТВ во неделата. Патем, Саакашвили е основач на главната грузиска опозициска сила и беше грузиски претседател од 2004 до 2013 година. Тој е осуден во отсуство на шест години затвор за злоупотреба на службената положба.

Саакашвили беше затворен во октомври 2021 година, неколку дена откако тајно се врати од егзил во Украина. Тој тврдеше дека судскиот процес против него бил политички мотивиран. Во октомври, организацијата за човекови права на Советот на Европа повика на „ослободување на политичките затвореници кои се против Путин во Руската Федерација и другите земји, вклучувајќи го и Михаил Саакашвили“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице загина, а осум се ранети…

Едно лице загина, а осум се ранети…

Ковачевски од Струга: На Македонија и е…

На Македонија ѝ е потребно национално единство…

Бербок: Германија не може да прифати Кина…

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска…

Курсна листа на НБРМ: Колку чинат валутите…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Абазовиќ: Србија да стави крај на членството…

Поранешниот премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ,…