Потег за поздрав: Османи успеа да го евакуира семејството Спирковски од Харков со бебе старо само 5 дена
Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100км од градот и е на пат да ја напушти Украина.
Тие со на безбедно и се во доба состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје.
Ова е најсложениот случај од процесот на евакуација. Продолжуваме понатаму во соработка со нашите партнери и сојузници, во обезбедување нови безбедносни коридори за евакуација на нашите граѓани од Украина.
Да информирам, дека во Харков, градот кој е најпогоден со воени дејствија, во моментов немаме веќе пријавени наши државјани, пишува министерот за надворешни работи Бујар Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кац: Ердоган ги жртвуваше интересите на својот…
Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац…
Се запали стан во скопски Аеродром, сопственичката…
Скопјанка е повредена во пожар на стан…
(Видео) Тошковски фатен жив како врши притисок…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денес…
Инцидент на скопскиот аеродром: Жена нападнала полицаец…
36-годишна Турчинка вчера направила инцидент на скопскиот…
Супер вести за спортот: Вардар ја промовира…
Дека пред Вардар доаѓаат подобри времиња доказ…