Почина 31-годишна родилка во кумановската болница – бебето е извадено без срцева акција, потоа е реанимирано и во моментов стабилно

t

Во кумановската болница доцна синоќа престанало да чука срцето на 31-годишна родилка. Лекарите се обиделе со сите сили да ѝ го спасат плодот и успеале во тоа.

Сега институциите ќе проверуваат дали има евентуална одговорност за смртта на жената. Бебето е во болница и е во стабилна состојба.

Од Општата болница во Куманово информираат дека родилката завчера била примена со прснат водењак и со почнато породување, но со слаби контракции. Лекарите чекале до вчера за да добие спонтани контракции по природен пат, пред да започнат со стимулација.

Кога е отпочнато со стимулациите, нагло настанал престанокот на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација. При обидот за реанимација не е добиена срцева акција и крвен притисок. Веднаш потоа родилката е внесена во сала за операција, за да се извади плодот. Бебето е извадено живо. Ќе има и професионална одговорност доколку биде утврдена лекарска грешка, од страна на нашите професионални организации како Лекарската комора, Етичката комисија – доколку биде утврдена некаква неправилност, изјави директорот на кумановската општа болница, д-р стефан трајановски.

Директорот Трајановски информира дека веднаш пријавил во институциите. На лице место пристигнал обвинител со истражна екипа, извршен е увид и земени се изјави од присутните.

Случајот го потврдуваат и од Министерството за внатрешни работи.

На 27.09.2024 во 21:35 часот во СВР Куманово, директорот на Општа болница Куманово пријавил дека на Одделението за гинекологија во болницата починала 31-годишна родилка од Куманово. Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција, соопштија од мвр.

Бебето на починатата родилка веднаш е пренесено во Скопје и згрижено на Детската клиника.

При раѓањето било во тешка состојба, но напорите за реанимација дале резултат. Во моментов, новороденчето е стабилно, информира директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.

Се работи за машко новороденче, родено во 40 гестациска недела со царски рез во Куманово. На раѓање било без срцева акција, без дишење, значи една тешка асфиксија, со ниски оценки на раѓање. Реанимирано е таму и веднаш е трансферирано на Клиниката за детски болести во Скопје. На прием во нашата клиника било во тешка општа состојба. Колегите го интубирале и веднаш е поставено на механичка вентилација, на респиратор. После адекватниот третман детето е стабилизирано и во моментов е во стабилна општа состојба, држи стабилни витални параметри, рече д-р мемеди.

При породувањето, во салата биле двајца дежурни лекари, дежурна анестезиолошка екипа и раководителот на одделот во кумановската болница.

Ова било второ породување на родилката. Првото поминало без никакви проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина 31-годишна родилка во кумановската болница –…

Во кумановската болница доцна синоќа престанало да…

Љутков: Отвораме ново поглавје во развојот на…

Денеска во Охрид остварив билатерална средба со…

Во нива пронајдена минофрлачка граната од Втората…

На 26.09.2024 во Полициска станица Свети Николе,…

Кривична за четри лица кои извршиле узурпација…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.П.(57),…

Србија/Анкета: Граѓаните со најголема доверба во претседателот,…

Според најновото истражување на агенцијата Фактор плус,…