Објавено на:

Празен бил резервоарот за нафта во „Треска“ каде неодамна изби пожар, констатира ДИЖС

t

Резервоарот за нафта во поранешната фабрика за мебел „Треска“, во која неодамна се случија два пожари едноподруго, е празен, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. Во третиот инспекциски увид во последните денови, инспектори на ДИЖС и на Општината Центар го посетиле местото каде се наоѓа резервоарот за нафтени деривати и утврдиле дека е изграден согласно тогашните постоечки стандарди и прописи со бетонска танквана за зафаќање на течност во случај на неконтролирано истекување на деривати, пренесува Мета.мк.

„При визуелниот увид присуствуваше и стечајниот управник на „Треска мебел“, Радослав Кипровски кој информираше дека резервоарот е празен уште од времето кога е почната стечајна постапка во 2005 година односно кога немало веќе финансиски средства за набавка на деривати и практично не се користел“, информираат од ДИЖС.

На барање од Општината Центар, идната недела Државниот инспекторат за техничка инспекција ќе направи и вонреден инспекциски надзор за да се утврди точната состојба со резервоарот за нафтени деривати. За надзорот се направени консултации со инспектор на Дирекцијата за заштита и спасување, а ќе биде известено и МВР. Сопственикот на објектите добил и насоки да изготви писмо за намера за отстранување на постоечки објекти во поранешна фабрика Треска и да го достави на мислење до МЖСПП.

„ДИЖС и Општина Центар ќе ја следат континуирано и координирано целата постапка на расчистување на опасен и неопасен отпад, во комуникација со Основното јавно обвинителство и МВР, а во делот на демонтажа на покривните табли кои содржат азбест и чистењето на локацијата ќе биде информиран и Државниот инспекторат за труд заради безбедноста на вработените од кои ќе ги изведуваат активностите“, информираат од ДИЖС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…