Преку 90% од Европејците се загрижени поради растот на трошоците за живот

t

Дури 93 отсто од испитаниците се изјасниле дека се загрижени поради зголемените трошоци за живот, а 46 отсто рекле дека нивниот животен стандард веќе е намален, а 39 отсто очекуваат да бидат погодени од тоа во иднина.

Вкупно 45 проценти рекле дека моментално имаат некои, или големи, тешкотии во животот со приходите во нивното домаќинство. Во декември инфлацијата во еврозоната изнесуваше 9,2 отсто, објави статистичката агенција на Европската унија, Евростат.

Други големи проблеми за граѓаните на ЕУ се сиромаштијата и социјалната исклученост (82 отсто), климатските промени (81 отсто), проширувањето на војната во Украина (81 отсто) и ризикот од нуклеарен инцидент (74 отсто). Испитаниците велат дека генерално се незадоволни од она што ЕУ и националните влади го направија за решавање на кризата.

Вкупно 64 отсто рекле дека не се задоволни од одговорот на нивната национална влада, а 56 отсто од мерките преземени на ниво на ЕУ.

Сепак, седум од 10 Европејци ја одобруваат финансиската, воената и економската поддршка на ЕУ за Украина. Резултатите од студијата се базираат на повеќе од 26.000 интервјуа спроведени во октомври и ноември во 27 земји-членки на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…