Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Алан Берсе.

На средбата беа разменети мислења за целите и приоритетите насочени кон демократизацијата на македонското општество, човековите права и владеењето на правото. Реафирмирајќи ја посветеноста за натамошна конструктивна соработка со Советот на Европа, претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од континураната поддршка за нашето целосно усогласување со европските стандарди и вредности.

Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи важноста од кредибилно постапување на Европската Унија во однос на интеграцијата на земјите од Западен Балкан кога напредокот на поединечните кандидати е евидентно заслужен. Таа се осврна и на неопходното обезбедување усогласеност со обврските што земјите-членки ги презеле, вклучително и правилното спроведување на пресудите на Судот во Стразбур.

Соговорниците разговараа и за актуелните безбедносни состојби во Европа, со акцент на војната во Украина, како и за потребата од посветеност и заеднички пристап кон сегашните и идните предизвици какви што се влијанието на новите технологии и климатските промени врз човечките ресурси.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова упати честитки до новоизбраниот генерален секретар на Советот на Европа, Алан Берсе, изразувајќи искрени желби за успешно исполнување на важната мисија и продолжување на плодната соработка со македонските институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со генералниот…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки учеството…

Што се случува со Македонија? Пронајдени куршуми…

Вчера околу 15.00 часот во Полициската станица…

Деветгодишно дете од „Ѓорѓија Пулевски“ побарало лекарска…

Деветгодишно дете од Основното општинско училиште „Ѓорѓија…

УЖАС: Пријавено силувано 14 годишно девојче кое…

На 27.09.2024 во 20.00 часот во Полициското…

Скопјанец уапсен во Кисела Вода, сакал да…

Жител на Скопје вчера бил уапсен поради…