Приведени две лица за изнуда на 20.000 евра

t

СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, ги лиши од слобода И.Ј.(40) од Струмица и Ф.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Како што информира МВР, на 9-ти овој месец А.Т. од Струмица пријавил дека во изминатата година осомничените И.Ј. и Ф.С. во повеќе наврати со вербални закани и со закана со пиштол од него успеале да изнудат околу 20.000 евра.

Од страна на СВР Струмица до ОЈО Струмица против двете лица е поднесена кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа нема коментар за израелските напади…

Белата куќа нема коментар за израелските напади…

Маричиќ: Ја имаме најголемата шанса за влез…

Вечерва од Кисела Вода, Меѓународниот секретар на…

Лавров: Русија не сака да ги напаѓа…

„Русија не сака да ги напаѓа земјите…

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е…

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од…

Фон дер Лајен: Русија хибридно ја напаѓа…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…