Професор Чепреганов со лекција за Радев: Ниту еден Бугарин од Македонија не бил испратен во логор, ова е фалсификат без преседан

t

Чиста лага и фалсификат без преседан е тврдењето на бугарскиот претседател Румен Радев, кој вели дека десетици илјади Бугари од Македонија биле испраќани во логори, само затоа што решиле да продолжат да се нарекуваат Бугари. На територијата на Македонија не постоел ниту еден логор, а во Југославија го имаме Голи Оток, но тоа е логор за неистомислениците со системот, ниту еден Бугарин не бил однесен таму поради неговото национално чувство, открива во изјавата за Плусинфо македонскиот историчар Тодор Чепреганов.

Изјавата на Радев предизвика големи реакции во нашата јавност, а Чепреганов додава и дека овој фалсификат, Бугарите упорно се обидуваат да го „протнат“ и во актите на Европската комисија.

– Нека кажат од Софија каде биле тие логори, нека ги откријат списоците со имињата на логорашите. Не постои податок за ниту еден Бугарин, бидејќи така се декларирал, дека потоа бил за тоа испратен во затвор или во логор. Уште на првиот попис спроведен по војната, во Македонија се попишани припадници на бугарско малцинство. Точно е дека неколку соработици на окупаторот по војната биле затворени во Идризово, како и неколку припадници на вмровските организации. Но, треба да се потенцира дека тука се работи за луѓе кои биле соработници на окупаторските сили, кои ширеле пропаганда или работеле против системот. Ниту еден од нив не бил уапсен, осуден и затворен поради тоа што се декларирал како Бугарин, тоа е груба измислица – додава Чепреганов.

Тој потсетува дека за време на Втората светска војна, интернираните Македонци во Бугарија биле носени во т.н. трудови логори, каде биле натераи на присилна работа.

Извор: Плус Инфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БИТКАТА ЗА СУДАНСКОТО ЗЛАТО: Специјалните сили на…

Во септември 2023 година се случи неочекуван…

Османи предничи пред кандидатот на „Вреди“ во…

Претседателскиот кандидат на „Европскиот фронт“ предводен од…

Арачиновец во болница: Паднал со мопед, има…

На 24.04.2024 вo 14.30 часот во СВР…

Москва: Терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“…

Државјани на неколку земји биле вклучени во…

Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг…

Македонија оди во втор круг од претседателските…