Радев: Европската перспектива на Македонија нема алтернатива и е стратешка цел за Бугарија
Европската перспектива на Република Македонија нема алтернатива и е стратешка цел на Бугарија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев.
Сепак, нејзината интеграција не може да се случи без претходно да се гарантираат правата на Бугарите во Македонија и да се запре говорот на омраза, јави дописникот на МИА од Софија. Ова го кажа Радев на отворањето на конференцијата „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Македонија“.
Конференцијата се одржува на денот кога се одбележуваат 119 години од смртта на Гоце Делчев.
Радев, исто така, посочува дека Бугарија сака да ги реши спорните политички прашања со Македонија пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ, бидејќи во последните децении има многу случаи во односите во кои бугарската доверба не била оправдана од Македонија.
-Промената на Уставот на Македонија и внесувањето на еден збор – Бугари, заедно со другите државотворни народи, во земјата значи дека ја прифаќа европската идеја, изјави Радев.
Тој, исто така, запраша дека ако сега не можат да обезбедат 2/3 мнозинство во парламентот за да го направат тоа, каква ќе биде волјата на властите да ги исполнат критериумите од Копенхаген за членство во ЕУ. Според бугарскиот претседател Радев, нерешавањето на политичките прашања меѓу двете соседни земји ја блокира и размената во сите други области.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма: Авион морал принудно да слета во…
Авионот на „Сан експрес“, кој полета од…
Партијата пред државата: Тошковски спроведува партиски активности…
Министерот Панче Тошковски во работно време извршува…
Пендаровски: Немам причина да го бојкотирам вториот…
Во рамки на изборниот караван претседателскиот кандидат…
Разговор во живо со претседателскиот кандидат Стевчо…
Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски разговара во живо…
Светска банка предвидува 3,4% раст на црногорската…
Црногорската економија годинава ќе порасне за 3,4…