Објавено на:

Расте бројот гладни во светот

t

Изминатата 2021 година забележан е раст на бројот гладни луѓе во светот, што пред се е последица на конфликтите, економската криза и екстремните климатски промени, покажува денеска објавениот Извештај изработен од агенциите на ОН и на ЕУ.

Минатата година со екстремен недостиг на храна биле соочени 193 милиони луѓе во 53 земји во светот, што е за 40 милиони повеќе отколку во 2020 година.

Конфликтите во ДР Конго, Авганистан, Етиопија, Судан, Сирија и Негерија се меѓу главните причини за растечкиот број гладни во светот, додека пандемијата и продолжените судири само придонеле за влошување на состојбата.

Екстремните климатски промени исто така придонеле за недостиг на храна, придонесувајќи 570 илјади луѓе да се соочат со екстремен недостаток на храна во Етиопија, Јужен Судан, Јужен Мадагаскар и Јемен.

Обединетите нации повикаа на зголемена финансиска поддршка, како и политичка волја, за запирање на растечкиот број гладни луѓе во светски рамки.

Проблемот со недостиг на храна е најизразен во руралните средини. Според Извештајот, две третини од најзагрозените живеат во оддалечени региони, што бара засилени вложувања во локален земјоделски развој.

Иако документот се однесува на 20221 година и не содржи анализа на податоците наметнати ситуацијата со воениот конфликт во Украина, расте загриженоста од влошување на состојбата предизвикана од постојаниот раст на цените на прехранбените производи.

Сомалија, ДР Конго и Мадагаскар најголемиот дел од житото го обезедуваа преку увоз од Русија и Украина, така што излезот од ситуацијата ќе треба да се бара преку надомест на недостатокот со зголемување и диверзификација на сопственото земјоделско производство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон Дер Лајен полека ја губи поддршката…

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер…

Зеленски: Американската помош испраќа порака дека ќе…

Американската помош за Украина ќе испрати порака…

МОН: Ќе се одработува и Самитот на…

Министерството за образование и наука информира дека…

(Фото) Македонија му е во срцето: Ова…

На собирот во Мелник пред неколку денови…

Грција зафатена од прашина од Сахара

Прашина од Сахара денеска ја зафати Грција,…