Објавено на:

Русија потврди: Воениот брод „Москва“ потона

t

Русија ја призна загубата на ракетниот крстосувач „Москва“, кој се сметаше за гордост на нејзината црноморска флота.

Оштетениот руски ракетен крстосувач „Москва“ потонал за време на една бура, соопшти Министерството за одбрана на Русија синоќа. Додека бродот бил влечен кон пристаниште, ја загубил стабилноста и потонал во разбрануваното море, гласи официјалната верзија. Министерството и натаму останува на тоа дека причината за тонењето на воениот брод бил избиен пожар, кој предизвикал потоа детонација на муниција.

Украинската морнарица претходно соопшти дека бродот „Москва“ бил погоден од украинска ракета Нептун, како што истакна и гувернерот на јужноукраинскиот регион Одеса, Максим Меченко.

Руската страна синоќа потврди целосна евакуација на екипажот на бродот по пожарот на него, а само неколку часа пред тонењето, тврдеше дека оштетениот воен крстосувач сепак е во пловна состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

(Видео) Јакимовски: Драги мои сограѓани, две работи…

Драги мои сограѓани, две работи ве молам,…

Потребна е помош за лекување на Дијана…

Се бараат донации од сите хумани луѓе…

(Видео) Јакимовски: Зошто Бујар Османи ако сака…

Геноцид е кога уништуваш се, кога убиваш…

Не можеше послатко: Интер е новиот шампион…

На пет кола пред крајот на сезоната…