Објавено на:

Руски генерал објасни: Каде и за колку време можат да стасаат украинските подводни мини

t

Украинските подводни мини кои се откачиле од своите сидра пред пристаништата поставени пред руската воена офанзива и сега слоподби плутаат по водите можат да стигнат во територијалните води на Романија за четири а на Бугарија за десет дена, предупреди во саботата на редовниот брифинг генерал-полковникот Михаил Мизинцев, началник на рускиот Нацонален центар за управување со одбраната.

Претходно во саботата Турција потврди дека подводна мина, за којашто се сомнева дека е една од оние кои неконтролирано плутаат во Црното Море, била откриена од рибари крај Истанбул и подоцна неутрализирани. Подоцна турската телевизија Т24 објави дека е пријавен уште еден сличен објект во водите на Босфорскиот теснец.

„Плутачките мини ќе стигнат до територијалнот море на Романија за четири, а на Бугарија по десет дена“, рекол Мизинцев.

Според него, со влошувањето на хидрометеоролошките услови во северните области на Црното Море останува активна закната од мините кои се откачиле од нивните сидра долж бреговите на црноморските држави.

Руското разузнавање во понеделникот го повтори предупредувањето дека неколку мини отплутале во морето откако се одвоиле од каблите во близина на украинските пристаништа, но Украина ги отфрли таквите тврдења како „дезинформација и обид да се затворат делови од морето“.

Руското разузнавање во понеделникот соопшти дека украинските поморски сили по почетокот на воените дејствија во Украина поставила околу 420 подводни мини од стар тип на приодите кон пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни.

Русија тогаш предупреди на поморските мини би можеле да отпловат неконтролирано до Босфор или дури до Средоземното Море. Според овие податоци, станува збор за застaрени мини произведени во втората половина од минатиот век, и се предупредува дека бурите влијаеле врз кинењето на каблите кои ги поврзуваат мините со котвите и оти поради површинските морски струи кои се движат во јужна насока не е ислкучено плутање и придвижување на мините кон Босфорот, а потоа и кон морињата во Средоземноморскиот басен.

Турската воена морнарица во петокот побара од бродовите и другите пловила да ги следат и да известуваат за сомнителни пловечки објекти или мини, пренесе весникот Hürriyet. По неутализирањето на мината, турските власти во саботата попладнето го отворија за пловидба теснецот Босфор, но останува забранет риболовот во крајбрежјето на Црното Море.

Црното Море е главната поморска артерија за транспорт на жито, нафта и нафтени деривати. Поврзано е со Мраморното и со Средоземното море преку Босфор кои минува низ средиштето на Истанбул, најголемиот турски град со повеќе од 16 милиои жители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Швајцарија ќе донира 100 милиони швајцарски франци…

Швајцарските власти денеска соопштија дека ќе одвојат…

(Видео) Си ја стави “главата во торба”:…

Деминирањето е во тек во ослободеното Степно…