Објавено на:

Руски нобеловец: Ја осудувам пропагандата на Кремљ за употреба на нуклеарно оружје

t

Рускиот новинар и минатогодишен добитник на Нобеловата награда Дмитриј Муратов ја осуди пропагандата на Москва која повикува на употреба на нуклеарно оружје во Украина, што би било „крај на човештвото“.

„Не ја исклучувам можноста да се користи нуклеарно оружје“, изјавил Муратов на новинарите во Женева, пренесуваат медиумите.

Кремљ ги стави своите нуклеарни сили во состојба на готовност откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за можноста за употреба на тактичко нуклеарно оружје, кое според руската воена доктрина може да се искористи за да се принудат противниците да се повлечат.

Говорејќи по повод Светскиот ден на слободата на печатот, Муратов, медиумски уредник на „Новаја газета“, која мораше да ја прекине работата по руската интервенција, оценува дека пропагандната машинерија на Кремљ се обидува да ја направи употребата на нуклеарно оружје поприфатлива за руската јавност.

– Веќе две недели на телевизија слушаме дека мора да се отворат силосите за нуклеарно оружје – рекол Муратов.

– И ние слушаме како треба да се користи ова ужасно оружје доколку продолжи испораката на оружје во Украина – додаде нобеловецот, мислејќи на оружената помош на Западот за нападнатата земја.

Спротивно на пропагандата на руските власти, нагласува Муратов, употребата на нуклеарно оружје не би значело „крај на војната“, туку „крај на човештвото“.

Најстрашното нешто во моментов во Русија, Муратов го нарече „апсолутна моќ без ограничувања“ што ја поседува Путин.

Ако одлучи дека мора да се користи нуклеарно оружје, никој „не може да го спречи да ја донесе таа одлука, ниту парламентот, ниту граѓанското општество, ниту јавноста“, предупреди рускиот новинар, пренесува порталот „Дневен аваз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хамас е подготвен на примирје со Израел…

Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа,…

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето…

Пет тинејџери се обвинети за терористички дела…

ЦУК: Без пожари на отворено, поплавен подвозник,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Украинските мажи нема да можат да вадат…

Украинската влада донесе одлука со која дополнително…

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ:…

По скоро целосна обработка на гласачките ливчиња,…