Објавено на:

Руското министерство за одбрана: Ја завршивме првата фаза од операцијата во Украина

t

Руското Министерство за одбрана тврди дека првата фаза од „операцијата“ во Украина е завршена.

„Првата фаза од операцијата во Украина е завршена. Борбениот потенцијал на вооружените сили на Украина е значително намален, што ни овозможува да се фокусираме на постигнување на главната цел – ослободување на Донбас“, изјави Сергеј Рудској, висок руски воен претставник на Москва.

„Руските вооружени сили стекнаа воздушна доминација и ги блокираа градовите Киев, Харков, Чернихив, Суми и Миколајев, како и целата област Херсон и голем дел од Запорожје“, наведе тој.

Рудској тврди дека украинските воздухопловни сили и системот за противвоздушна одбрана биле „речиси целосно уништени“, како и дека морнарицата на земјата престанала да постои.

Тој додаде дека погодени се сите 16 украински воени аеродроми, како и 39 складишта за муниција, каде што е складирана 70% од вкупната воена опрема.

„Украинската армија повеќе нема организирани резерви“, рече тој, додавајќи дека луѓето и единиците за територијална одбрана се мобилизираат да се борат со руските војници.

Според него, на украинската страна се борат 6.595 странски платеници од 62 земји.

Рудској тврди дека руските вооружени сили уништиле 1.587 од 2.416 украински тенкови и други оклопни возила, 112 од 152 борбени авиони, 75 од 149 хеликоптери, 148 од 180 С-300 и системи за воздушна одбрана Бук М1, како и 117 од 300 радари.

Тој предупреди дека „руската армија веднаш адекватно ќе реагира на обидите за затворање на воздушниот простор над Украина“.

Според него, руската армија не гаѓа цивилни инфраструктурни објекти, а 127 мостови, кои биле уништени во воената зона, биле кренати во воздух од украинските националисти, тврди рускиот воен претставник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања со нова жалба пред…

Врховниот суд денеска одржа јавна седница по…

Две златни медали за Македонија: Нов успех…

Две златни медали за Македонија! Ова не…

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години…