Објавено на:

САД нудат безбедносни гаранции на Шведска и Финска при евентуално членство во НАТО

t

САД се убедени дека можат да ги решат сите безбедносни проблеми што би можеле да ги имаат Шведска и Финска во однос на членството во НАТО, велат од Белата куќа.

„Убедени сме дека можеме да најдеме начини да ги решиме сите проблеми што би можела да ги има која било од овие две земји во периодот меѓу барањето за членство во НАТО и формалниот пристап кон оваа организација“, изјави на прес-конференција портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Шведска и Финска се загрижени дека во текот на процесот на аплицирање, кој може да потрае една година, бидејќи е потребна согласност од сите триесет членки на НАТО, не би можеле да се одбранат од можните обиди на Русија да ја загрози нивната безбедност.

Шведска и Финска се очекува овој месец да одлучат дали ќе аплицираат за членство во НАТО.

Шефицата на шведската дипломатија Ен Линде по состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинк во средата изјави дека добила безбедносни гаранции, но не наведе никакви детали.

Шведскиот министер за одбрана минатиот месец рече дека членството во НАТО може да предизвика голем број руски одговори, вклучително и сајбер напади и хибридни мерки – како што се пропагандни кампањи – чија цел е да ја поткопаат безбедноста на Шведска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања повторно бара слобода од…

Емотивно и во солзи, таткото на убиената…

Макрон на Сорбона: Постои ризик оваа наша…

Францускиот претседател Емануел Макрон, денеска, за време…

Уште два изборни инциденти од вчерашното гласање

На 24.04.2024 во 22.15 часот во Гостивар,…

БИТКАТА ЗА СУДАНСКОТО ЗЛАТО: Специјалните сили на…

Во септември 2023 година се случи неочекуван…