СЕ РАБОТИ ЗА УБИСТВО: Две лица се приведени едно е во бегство поради смртта на Денис Тот

t

Скопското обвинителство ја чека целосната документација за да отвори предмет, а од доказите ќе зависи квалификацијата на делото.

Засега инволвирани се три лица, од кои две, дечко и девојка, се веќе приведени, а третиот е во бегство.

Дваесет и седумгодишниот ракометар на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот починал како резлутат од насилна смрт, утврдиле докторите од Судска медицина, а јави телевизија Телма.

Обдукцијата покажала дека удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за смртта на Тот, кој вчераутро почина на скопските клиники.

Ова за Телма го потврдиле и од Скопското обвинителство, кои се веќе усно известени и ја чекаат целосната документација за да отворат предмет, а од доказите ќе зависи квалификацијата на делото.

Телевизијата јавува и дека засега инволвирани се три лица, од кои две, дечко и девојка, се веќе приведени, а третиот е во бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов руски напад на Харков, има загинати…

Во новиот руски напад врз Харков, вториот…

Лукашенко потпиша закон, за воена регрутација во…

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша закон…

Сончево и топло време со температура до…

Времето денеска ќе биде сончево и топло…

(Фото) Вака изгледа опрема на албански платен…

Дури 40 платени убијци Албанци делуваат на…

(Видео) Поранешниот еквадорски потпретседател уапсен по упад…

Еквадорските власти синоќа го уапсија поранешниот потпретседател…