Скандал за АРМ – Славјанка Петровска на мисии праќа офицери без НАТО безбедносен сертификат

t

Славјанка Петровска по стапките на Радмила Шекеринска упатува персонал во мисии надвор од Република Македонија без да се почитуваат основните услови, а тоа е кандидатите да поседуваат НАТО безбедносни сертификати. На мисии се праќаат офицери без да ги исполнуваат потребните услови, само ако се во врска со политичкиот врв, ова денеска преку прес-конференција го истакна Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според наши информации земјава има случај на сериозен безбедносен пропуст кога е вратен висок офицер на АРМ од мисијата КФОР во Косово. Имено постојат индиции дека службите имале одредени информации дека офицерот не ги задоволува критериумите, сепак по одредено политичко влијание од поранешни политичари со потекло од истото село од кое потекнува и тој, село Муртино, струмичко, офицерот без безбедносен сертификат заминал на мисија. Ова не е првпат да се направи ваков безбедносен пропуст, потсетуваме дека слична ваква ситуација имаше и во мисијата ИСАФ во Авганистан, кога беа упатувани лица без безбедносни сертификати, кои не можеа да обавуваат никакви дејности, дури и не можеа да се движат слободно низ базите, вели Лефков.

Тој додава дека во најновиот скандал, после поминати пет месеци во мисија, офицерот по налог на НАТО беше приморан да се врати предвреме, но се поставува прашање кој ќе ја преземе одговорноста за направена штета на буџетот во висина од 50.000 евра по основ на плати, логистички трошоци и административни трошоци?

-Без поседување на сертификат, нашиот офицер во базата во Косово не можел да извршува никакви задачи, тоа значи дека пет месеци само спортувал и одмарал без да има пристап до било какви информации и активности. Дали некој од одговорните лица во министерството за одбрана и од Воената служба за безбедност и разузнавање ќе сноси одговорност за ваквите безбедносни инциденти, како и одговорност за нанесената штета на буџетот?, прашува Лефков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инцидент во автобус на ЈСП: Нападнати малолетници,…

Двајца малолетници биле нападнати завчера во автобус…

Киев бара поддршка од Трамп: Тој треба…

Првиот човек на кабинетот на украинскиот претседател…

НАСА ќе лансира дури три ракети за…

Ракетите ќе ја мерат густината на наелектризираните…

Шмит: Чувствувам дека сум гарант за постоењето…

Високиот претставник на Европската унија во Босна…

Додик повторно најави можност за независност на…

Република Српска (РС) не сака да го…