Објавено на:

Советник на украинскиот претседател: Заземањето на Киев би било „самоубиство“ за Русија

t

Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател денеска изјави дека преземањето контрола врз Киев сè уште е очигледно приоритет за Русија, но обидот да се направи тоа би било „самоубиство“ за Москва.

Тој додаде дека конфликтот може да заврши за две до три недели, пренесува Скај Њуз.

Русија допрва треба да се пробие во главниот град на Украина, и покрај силното бомбардирање забележано во и околу градот од почетокот на инвазијата пред речиси четири недели.

Претходно, британското разузнавање соопшти дека руските сили „издржале уште еден ден со ограничен напредок, при што повеќето сили во голема мера се заглавени во место“.

Украина тврди Москва досега претрпела големи загуби, со наводно убиени околу 15.000 војници и стотици тенкови уништени.

Скај Њуз потсетува дека Русија неколку пати беше принудена да го паузира напредокот во Украина додека чекаше на залихи и засилувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крмов: Ние одиме сами против сите и…

Борис Крмов од Левица во емисија на…

Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили…

„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата…

Се одложи гласањето на Резолуцијата за Сребреница

Седницата на која на дневен ред беше…

Првата група Рафали пристигна во Хрватска

Првата група од шест повеќенаменски борбени авиони…

Ковачевски: Сите да размислат што ќе биде…

Сите треба добро да размислат за иднината,…