Објавено на:

Советник на украинскиот претседател за косовска телевизија: Не е момент за признавање на Косово, Русија се обидува да го убие украинскиот претседател

t

Од аспект на Украина, не е вистинскиот момент за разговор за признавање на Косово, изјави советникот на украинскиот претседател, Јехор Черњев.

-Мислам дека сега не е вистинското време за тоа прашање, одговори тој за Радио-телевизија Косово (РТК), запрашан дали Украина ќе размисли за признавање на Косово, јави порталот Косово-онлајн.

Тој истакна дека ситуацијата во Украина е многу сериозна и потребна е помош.

-НАТО и државите членки можат да ни помогнат во една многу важна работа, да го затвориме небото, тоа значи какви било авион или проектил, не треба да бидат на украинското небо. Бидејќи најголема штета, имаме од проектили и бомби од авиони. Имаме и свои противвоздушни системи, но, тоа не е доволно, потребна ни е поддршка, појасни Черњев.

На прашањето колку украинскиот претседател, Володимир Зеленски, е безбеден, Черњев нагласи дека тој и понатаму е во Киев.

-Руската Федерација се обидува да го убие претседателот Зеленски и да формира Влада, нов претседател во Украина, но, тој е и понатаму во Киев, нагласи Черњев за РТК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија ќе го тргне ветото за финансирање…

Унгарија е подготвена да го укине ветото…

(Видео) Турски пратеник доживеа срцев удар додека…

Турски пратеник вечерва доживеа срцев удар за…

Бајден потпиша: 200 милиони долари за Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави на средбата…

Масовна тепачка во училиште во Берлин: 49…

Сѐ започнало со расправија меѓу ученици околу…

Груевски: Што е резултатот од фештата од…

ШТО Е РЕЗУЛТАТОТ ОД ФЕШТАТА ОД АЛЕКСАНДРОПУЛОС…