Србија ја донесе oдлуката за извоз на два милиона литри зејтин во Македонија

t

На вчерашната седница српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење. Одлуката е објавена денеска. Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата“ за основните производи, пченицата и пченката, и да почне реализацијата на договорите, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Како што рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за набавка на педигриран добиток, храна, брашно и зејтин има, нема потреба од паника и складирање резерви во домаќинствата.

-Процесот е почнат, околу 2 000 тони се веќе одобрени, продолжуваме со комуникацијата со Србија и регионот во рамки на „Отвроен Балкан“. Храна, брашно и масло има доволно, направен е увид во залихите. Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренесуваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат, рече Ниоловски.

Се прават сите напори, нагласи министерот уште еднаш, за обезбедување доволно суровини и производи стратешки за државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски од Македонски Брод: Пензионерите заслужуваат достоинствен…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар…

УЖАС: 12-годишно момче застрела 2-годишно дете во…

Со куршум од воздушна пушка во Враца,…

Пендаровски: Народот не смее да ѝ да…

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска се сретна…

Судот не го отфрли обвинението против синот…

Окружниот судија на САД, Марјелен Нореика во…

Хрватска има еден милион пензионери, се намалува…

Податоците од пописот за 2021 година покажаа…