СРЕДЕ ТИРАНА ЌЕ „НИКНЕ“ СУВЕРЕНА ДРЖАВА ПОМАЛА ОД ВАТИКАН: Микродржавата на површна од 27 хектари ќе има свои граници, пасоши и администрација

t

Премиерот на Албанија, Еди Рама планира да создаде суверена држава за шиитскиот суфиски бекташиски ред во Тирана, Албанија. Кога го објави својот план,тој ја цитираше Марија Тереза, велејќи дека „не секој може да биде голем, но може да прави мали работи со голема љубов“, пишува Дојче Веле.

На Генералното собрание на ОН, Рама рече дека суверената енклава ќе биде „нов центар на толеранција и мирен соживот“. Редот Бекташ има свое седиште во Албанија од 1929 година. Албанската влада планира да претвори 27 хектари земјиште во источна Тирана во микродржава наречена Суверена држава на редот Бекташи, која ќе има свои граници, пасоши и администрација.

Што е редот Бекташ?

За водачот на редот Бекташи, Едмонд Брахимај, кого неговите следбеници го нарекуваат Баба Монди, ова е „вонредна иницијатива“ која ќе навести нова ера на светска верска толеранција и промовирање на мирот.

– Бекташкиот ред, кој е познат по својата порака за мир, толеранција и верска хармонија, ќе добие суверенитет како Ватикан, што ќе ни овозможи автономно да управуваме од верска и административна гледна точка – се вели во нивното соопштение.

Експертите и јавноста велат дека немале информации за владиниот план, па за нив одлуката дошла ненадејно.

Дали создавањето држава ќе ја наруши рамнотежата меѓу религиите?

Алберт Ракипи, претседател на Албанскиот институт за меѓународни студии, тврди дека ова не е само прашање за кое одлучува владата.

Албанија долго време се смета за земја на верска хармонија и толеранција. Џамиите и црквите често се во непосредна близина една до друга, а меѓурелигиските бракови се добро прифатени во општеството. Според информациите од 2023 година, околу 50 отсто од Албанија се муслимани, од кои десет отсто се членови на редот Бекташ. Римокатолиците и православните го сочинуваат мнозинството од остатокот од населението. Ракипи не смета дека тоа ќе се одрази негативно на рамнотежата меѓу верските заедници во Албанија, бидејќи заедницата на редот Бекташи историски служела како мост на единство и соработка меѓу муслиманите и христијаните.

– Мислам дека тоа е добра иницијатива, особено за промовирање на толеранција, култура на соработка и соживот, во контекст на драматични настани како што е конфликтот на Блискиот Исток – изјави тој за Дојче веле. Муслиманската заедница на Албанија соопшти дека ја смета иницијативата за „опасен преседан за иднината на земјата“ и нагласи дека таа е единствениот официјален претставник на исламот во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СРЕДЕ ТИРАНА ЌЕ „НИКНЕ“ СУВЕРЕНА ДРЖАВА ПОМАЛА…

Премиерот на Албанија, Еди Рама планира да…

Стоиљковиќ ги покажа српските локомотиви: Пристигнаа во…

Четирите најавени локомотиви од “Србија Карго” пристигнаа…

Сиљановска Давкова: Можеме на друг начин да…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за…

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски кој ја…

Трамп ја повтори критиката до Зеленски бидејќи…

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател,…