Објавено на:

Стигна порака од Москва: Почнуваме од Литванија

t

Русија во иднина би можела да го повлече признавањето на независноста на Летонија, Естонија и Украина, изјави пратеникот на Државната дума Евгениј Фјодоров.

Пратеникот достави до Државната Дума предлог-закон за поништување на резолуцијата на Државниот совет на СССР „За признавање на независноста на Литванија“. Во образложението се наведува дека одлуката е незаконска бидејќи е донесена од неуставен орган со прекршување на барањата од неколку членови од Уставот на СССР.

„Штотуку почнавме од Литванија, и јасно е зошто – Литванија е поопасна за Русија во однос на ситуацијата поврзана со регионот Калининград и конфронтацијата со НАТО и САД. Затоа сега Литванија е поважна, но тоа не значи дека тука ќе застанеме“, рече Фјодоров.

Според него, во ситуацијата со Литванија најдобро се гледа прекршувањето на Законот на СССР „За постапката за решавање на прашањата поврзани со излегувањето на федералната република од СССР“.

Поточно, за Вилнус, Клаипеда и нуклеарната централа Игналина, законот пропишува посебна процедура за напуштање на Советскиот Сојуз, објаснува Фјодоров.

Според него, по Литванија, таков развој е можен и за Естонија, Летонија и Украина.

„Постојат голем број аргументи зошто Литванија треба да биде прва на оваа листа. Откако ќе се разработи механизмот, ќе го примениме и на други територии на НАТО, а не само на НАТО. Украина, на пример, исто така илегално го напушти СССР. “, објасни пратеникот.

Истовремено, тој додаде дека целта на ваквите акции е да се елиминираат заканите кои доаѓаат од споменатите постсоветски земји, додека признавањето на независноста на поранешните советски републики кои водат мирољубива политика нема да се ревидира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокат по грешка развел погрешна двојка

Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана…

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Во центарот на Славонски Брод во попладневните…

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО ЗАТВОРИТЕ, НА БОЛНИТЕ И…

Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни…

(Фото) Апасиев се огласи со оптимистички пораки…

Апасиев се огласи на социјалните мрежи со…

11 лица незаконски работеле на Токсикологија

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант…