Стоиљковиќ ги покажа српските локомотиви: Пристигнаа во Македонија, веднаш ќе се користат

t

Четирите најавени локомотиви од “Србија Карго” пристигнаа во Македонија и веднаш ќе бидат ставени на располагање и во функција на “Македонски железници”, објави Иван Стоилковиќ, заменик премиерот од Демократската партија на Србите во Македонија.

Да потсетам, станува збор за четири локомотиви за товарен сообраќај што ќе бидат од суштествено значење за непречено фунционирање на товарниот сообраќај низ Македонија, преку Србија, до земјите од Европската Унија. Договорената соработка е од големо значење не само за двете железнички компании туку и за севкупната регионална соработка по коридорот 10 која не само што ќе го зголеми капацитетот на транзитниот сообраќај, туку и приходите, во пресрет на се поголемата побарувачка на теретниот транспорт.

Пофалба за директорот на МЖ транспорт Дејан Кошутиќ за брзото спроведување на постапката и на надлежниот министер Александар Николоски кој со своето несебично залагање и труд обезбеди внатрешна логистика на процесот, мое беше само да обезбедам комуникација помеѓу компаниите и политичка поддршка од српската Влада локомотивите што побрзо да стигнат и да се стават во функција. Тимската работа секогаш носи добри резултати. Благодарност до српската Влада за покажаното разбирање и брзата реакција во решавањето на проблемот со кој се соочувавме. За ликвидноста на Македонски Железници и сочуваните работни места со реализација на овој проект во некој друга прилика, напиша тој.

https://www.facebook.com/ivan.stoilkovic/videos/1583192399072799

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стоиљковиќ ги покажа српските локомотиви: Пристигнаа во…

Четирите најавени локомотиви од “Србија Карго” пристигнаа…

Сиљановска Давкова: Можеме на друг начин да…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за…

Министерот Мисајловски на средби во Пентагон

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски кој ја…

Трамп ја повтори критиката до Зеленски бидејќи…

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател,…

Русија во текот на ноќта со дронови…

Русија во текот на ноќта изврши напад…