Објавено на:

Столтенберг: Договараме сеопфатен пакет помош за Украина

t

„Ќе се договориме за сеопфатен пакет помош за да ѝ помогнеме на Украина да го одржи правото на самоодбрана. Исклучително е важно да бидеме подготвени да продолжиме да даваме поддршка бидејќи Украина сега се соочува со бруталност каква што не сме виделе во Европа од Втората светска војна. “, рече Столтенберг.

Столтенберг одржа прес-конференција неколку часа пред почетокот на самитот по средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез.

Столтенберг изрази надеж дека на овој самит ќе биде постигнат напредок за приемот на Финска и Шведска, кои неодамна поднесоа барање за членство, но беа спречени од турската блокада.

Шпанскиот премиер Санчез рече дека двете земји на крајот ќе станат членки, или сега или подоцна. „Уверен сум дека тие, ако не сега, подоцна ќе се приклучат на Северноатлантската алијанса“, рече Санчез.

Тој нагласи дека самитот на НАТО ќе биде можност да се испрати „порака за единство на демократските земји во одбраната на демократијата и нејзините вредности и во одбраната на меѓународниот поредок заснован на правото“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања со нова жалба пред…

Врховниот суд денеска одржа јавна седница по…

Две златни медали за Македонија: Нов успех…

Две златни медали за Македонија! Ова не…

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години…