Објавено на:

СТОЛТЕНБЕРГ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ ЖЕНА? Главните кандидати за нов генсек на НАТО се премиерките на Естонија и на Литванија

t

Идниот човек на таа позиција мора да ја има функцијата шеф на држава или влада во својата биографија. Мора да знае течно англиски, а пожелно е и француски. Личноста мора да биде во добри односи со Вашингтон.

Јенс Столтенберг заминува од НАТО во октомври. Тој нема намера да продолжи уште еден мандат. А кој доаѓа? Сè погласни се шпекулациите за можна генерална секретарка на НАТО. Тоа би била прва ваква ситуација за Алијансата, анализира Дојче Веле.

Најсилните кандидати се сметаат актуелната премиерка на Естонија Каја Калас или премиерката на Литванија Ингрида Симонита. Тоа е поради војната со Русија и актуелната ситуација. Се споменува и Зузана Чапутова, претседателката на Словачка, земја која дели директна граница со нападнатата Украина. Меѓу кандидатите мажи се романскиот претседател Клаус Јоханис и Марио Драги од Италија.

Одредени шанси има и канадската министерка за финансии Кристиа Фриланд. Таа е внука на украински имигранти. Во Канада, нејзиното потекло беше предмет на жестока дебата, бидејќи руските пропагандни медиуми ги истакнаа наводните врски на нејзиниот дедо со нацистите за време на Втората светска војна.

Британците можно е да ја предложат Тереза Меј. Всушност, речиси половина од сите 30 членки на НАТО веќе доставиле свој кандидат.

Што се бара од секретарот на НАТО?
Тој или таа мора да ги држи земјите-членки заедно, да ги балансира интересите, да промовира консензус меѓу 30-те членки, без разлика дали заканите за политичката кохезија доаѓаат од Трамп или Путин. Потребни се дипломатски вештини и лојалност кон сојузот.

Генералниот секретар или секретарка нема овластување да носи политички одлуки. Тој или таа само формално претседава со Северноатлантскиот совет, највисокото тело за одлучување. Ова важи и за воените овластувања. Тој или таа го претставува НАТО и надворешно, пред другите влади и печатот.

Идниот човек на таа позиција мора да ја има функцијата шеф на држава или влада во својата биографија. Мора да знае течно англиски, а пожелно е и француски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски со честитка за Рамазан Бајрам: За…

Честитки по повод големиот празник Рамазан Бајрам…

Тома Фила: Собраните докази и ДНК трагите…

Адвокатот Тома Фил денеска во врска со…

Владата донесе одлуки за престој на вооружени…

Владата на Македонија, на предлог на Министерството…

Грозоморно: Момчето на кавадарчанка извршило полови дејства…

Кавадарчанка пријавила во полиција дека лице со…