Судот го пушти во куќен притвор моторџијта што го усмрти Југо
Возачот на мотоциклот „Кавасаки“ кој усмрти пешак и побегна без да му укаже помош наместо во притвор, ќе го чека епилогот од истрагата во удобноста на својот дом, дознава „Скопје1“. Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд, не ја уважи предлог-мерката на обвинителката која бараше ефективен притвор, односно возачот кој беше во бегство, да биде спроведен во затворот во Шутка.
Засега не се познати деталите од решението, односно, зошто судијата се решил лице кое беше во бегство, да го остави во куќен притвор. Од Обвинителството посочуваат дека жалбата за ваквата мерка е веќе дадена и се чека одлуката на Кривичниот совет. Обвинителката инсистира на мерка ефективен притвор. Инаку, трагедијата се случи на скопскиот Кеј, на пешачка патека. Возачот на мотоциклот немал ниту дозвола. Жртвата, скопјанецот Југо (Југослав Николовски), излегол да фрли отпад, а бил усмртен под прозорецот на неговиот стан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот го пушти во куќен притвор моторџијта…
Возачот на мотоциклот „Кавасаки“ кој усмрти пешак…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…
Зеќири се расплака во завршните зборови на…
Во завршните зборови на судењето против поранешниот…