Тажна вест: Почина таткото на Стефан Богоев

t

Тага во домот на Стефан Богоев, поранешниот градоначалник на Карпош и актуелен потпретседател на СДСМ.

Богоев предмалку објави дека починал неговиот татко Владимир од кој се прости со наслов од песната на „Бело дугме“.

-ПАМТИТЕ МЕ ПО ПЈЕСМАМА МОЈИМ…

Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев.

Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот.

Човечиште во секоја смисла на зборот, бескрајно скромен и секогаш спремен да помогне.

Новинар, еден од основачите на “Дневник”.

Ти благодарам што си ми татко, ти благодарам за СЕ !

Муабетете со Трајко и трчајте со Лиле на небото.

Еден ден, ќе бидеме заедно пак, ќе збориме за политика, ќе се закачаме за Барса и Реал…

А до тогаш, со зборовите на твоите Queen, Show must go on…

Погребот ќе се одржи утре, среда, во 12 часот, на гробиштата во Бардовци, во дворот на црквата Света Троица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев за „Отворен Балкан“: Напуштање на регионалните…

Поранешниот премиер Зоран Заев е дециден дека…

Да земјотреси утринава ја стресоа Анталија

Два земјотреси со јачина од 3,9 го…

Балканска работа: Српски историчар го прогласи Рилскиот…

Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за…

Предлог за враќање на воениот рок во…

Оценка и предлог за враќање на обврската…

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…