Објавено на:

Трамп: Путин и Шји се многу паметни луѓе, со нашата глупава политика ги натеравме да се здружат

t

На големиот митинг на неговите приврзаници во градот Вако, Трамп прво повтори дека претседателот Џо Бајден ги претворил САД во „банана република“.

Затоа веднаш предупреди: „Такви станавме, но ова е наша земја и нема да ја толерираме!“.

Потоа повторно оцени дека главна закана за САД не е ниту Кина ниту Русија, туку врвот на администрацијата на Бајден.

За „итни проблеми“, кои треба да се решат како приоритет, тој се изјасни: заштитата на американските граници, изборниот и гласачкиот систем и фактот што агенциите за спроведување на законот и заштитата станаа „политичко оружје“.

„ Ако не победиме на изборите во 2024 година, нашата земја е осудена на пропаст“, ​​ги предупреди тој своите сонародници од Вако.

На средбата тој исто така рече дека Владимир Путин и Шји Џјинпинг во Москва се договориле за светскиот поредок во следните 100 години.

„ Сега Русија, Кина и Иран се заедно. Видовте паметен претседател Шји [Џјинпинг] и паметен претседател Путин – многу паметни луѓе – како зборуваат за светскиот поредок во следните сто години. За големо ресетирање невидено во последните 100 години. Ја слушнавте таа неверојатна изјава, додека стоеја, а микрофонот остана вклучен. Тоа е страшна изјава. Русија, Кина и Иран сега се здружија и формираа сојуз. Тоа е нешто невозможно. Според природата на работите, многу е тешко да се обединат Русија и Кина. Но, ние ги принудивме да се здружат со нашата глупава енергетска политика. А ним им се придружија Иран и Саудиска Арабија“ предупреди Трамп.

„ Сето тоа се случи за време на Бајден. Тоа е неверојатно. И сето тоа се случи во изминатата година и половина. Имав добри односи со Путин. Сакаше мир, а сега, се чини, ќе добие се. Неговиот разговор со Шји за светскиот поредок е една од најтажните работи што можете да ги замислите“ порача Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот МНР: Грција нема да гласа за…

Грција следниот месец ќе се воздржи од…

ОН: Во Србија 800.000 луѓе живеат во…

Агенциите при ОН подготвија проекција за сиромаштијата…

Лукаревска: Во наредниот мандат домашните компании ќе…

Сања Лукаревска, носителката во ИЕ3 на СДСМ…

Затруен од наркотици, кавадарчанец пронајден во бессознание…

Кавадарчанец затруен од наркотици бил пронајден во…