Објавено на:

Уапсен најлошиот СЕРИСКИ СИЛУВАЧ во историјата на Британија – Излезе дека е ПОЛИЦАЕЦ

t

Службеник на лондонската метрополитенска полиција, кој ја користел својата улога за да ги намами и заплаши своите жртви, признал десетици силувања и сексуални престапи врз 12 жени. Дејвид Керик (48), кој запознал некои од жртвите преку веб-страници за запознавање, се изјаснил за виновен за вкупно 49 прекршоци во текот на две децении.

Работел како вооружен офицер во командата за собраниска и дипломатска заштита. Полицијата им се извини на жртвите откако откри дека се истражуваат девет прекршоци, вклучително и наводи за силување, помеѓу 2000 и 2021 година. Престапите за кои е обвинет се извршени меѓу 2003 и 2020 година, а повеќето од нив се случиле во Хертфордшир, каде што живеел.

Во 2009 година, Керик беше унапреден од полицаец кој патролира по улиците во член на елитните вооружени сили, Командата за парламентарна и дипломатска заштита, чувари на амбасадите, Даунинг стрит и домовите на парламентот

Намамувал жртви со униформата и им се заканувал
Полицијата и обвинителството велат дека тој ја користел својата позиција како офицер на Мет за да ги намами жените, а потоа ги тероризирал да молчат за неговите сексуални напади и понижувања. Опсегот на злосторства што Керик ги извршил во период од 17 години го прави еден од најлошите сексуални престапници во модерната криминална историја.

На суд, меѓу другото, беше кажано дека во една прилика намамил жена покажувајќи и полициска потерница во септември 2020 година за да се чувствува безбедно, се фалел дека го чува премиерот и рекол дека неговиот работен прекар е „ лошиот Дејв“. Тој ги уверувал другите жртви дека никој нема да им верува ако го пријават за силувањата бидејќи тој е полицаец.

Керик, кој служел во Командата за парламентарна и дипломатска заштита, се запознал со некои од жртвите преку интернет-страниците за запознавање како што се Тиндер и Баду, и ја искористил својата улога како полицаец за да ја стекне нивната доверба.

Ги повредувал и ги заклучувал во мал плакар
Тој призна дека силувал девет жени, некои постојано во текот на месеци или години, при што многу од тие напади вклучуваат насилство што би ги повредило физички. Керик контролирал што носат жените, што јадат, каде спијат, па дури и спречувал некои од нив да зборуваат со своите деца.

Тој призна дека постојано ги присилувал жртвите да влегуваат во мал плакар под скалите во неговиот дом, потоа ги заклучувал, а тие морале со часови да останат затворени голи и згрчени во тесниот простор.

„Требаше да го забележиме неговиот модел на однесување и затоа што не го забележавме, пропуштивме можности да го отстраниме од организацијата“, рече помошникот комесар и шеф на Мет за професионалноо однесување, Барбара Греј. „Навистина ни е жал што можноста да продолжи да ја користи својата улога како полицаец го продолжи страдањето на неговите жртви. Знаеме дека тие не можеа да пријават порано бидејќи тој им рекол дека нема да им се верува“.

„Ова е човек кој безмилосно ги понижувал, омаловажувал и сексуално ги злоставувал и силувал жените. е различно од се што сум сретнал во моите 34 години работа во Државното правобранителство“, рече Јасвант Нарвал, главна обвинителка на Државното правобранителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…