Убиецот од Младеновац детално го објаснил настанот, сакал луѓето да знаат дека „не се шегува“
Урош Б.(21), кој е осомничен дека ноќта меѓу 4 и 5 мај убил осум лица, а се обидел да убие уште 12 други, изнесе застрашувачки детали од страшното злосторство и се обидел да се направи жртва на рочиштето.
На рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, Урош Б. раскажал што претходело на крвавиот настан и како го извршил делото. Убиецот од Младеновац изјавил дека испукал околу 60 куршуми кон жртвите во Мало Орашје и дека продолжил да пука кон луѓето на кои наишол во Дубона, а потоа и кон групата која седела во училиштето, бидејќи тие не сакале да му се извинат. На рочиштето убиецот изнел страшна одбрана – дека сакал да покаже дека „не се шегува“, пишува српски „Блиц“.
Тој рекол дека знаел за убиството во училиштето во Врачар, но дека случајот немал никакво влијание врз неговата одлука ниту пак бил трик за убиство на осум сограѓани.
„Тој рече дека имал површни контакти со жителите на Мало Орашје и Дубона. Дека некои знаел, а некои не. Тој кажа и дека еднаш играл фудбал со Милан Паниќ, полицаецот што го убил. Тој рече дека жителите на Дубона и Мало Орашје немаат добро мислење за него и неговото семејство и дека чувствува потсмев и подбив во нивното однесување“, вели изворот за српскиот медиум.
Во својата грозоморна одбрана убиецот од Младеновац рече дека до 4 мај не размислувал за масакрот, а како мотив за неговиот грозоморен чин навел дека „минувајќи покрај училиштето слушнал дека луѓето зборуваат нешто лошо за него и неговото семејство“.
„Тој рече дека бил полн со гнев и оти отишол во неговата куќа, каде што зел пушка, пиштол, голема количина муниција и бомби. Го наполнил оружјето и се упатил кон првото село каде нашол голема група луѓе како седат. Тој наводно бил без пушка во тоа време. Тој тврди дека некој наводно нешто фрлил кон него, а потоа влегол во автомобилот, земал пушка и почнал да пука во луѓето“, вели извор запознаен со случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…