Објавено на:

Украина е разочарана од предлогот на Виена за друга форма на соработка наместо членството во ЕУ

t

Украинското Министерство за надворешни работи е разочарано од предлогот на шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг да се најде посебен начин Киев да соработува со ЕУ наместо полноправно членство. Ова денеска го соопшти портпаролот на одделот Олег Николенко.

„Ние сме разочарани од изјавите на сојузниот министер за надворешни работи на Австрија за европската иднина на Украина. Ги сметаме за стратешки кусогледи и не се во интерес на обединета Европа“, напиша Николенко во коментарот објавен на веб страната на Министерството. Украина ги има сите причини да бара признавање на нејзината „стратешка улога за ЕУ“, рече Николенко.

Претходно денеска, австриски медиуми јавија дека Шаленберг смета дека е неопходно да се најде посебен модел за соработка на Украина со ЕУ, наместо да се гарантира нејзиното полноправно членство во ЕУ. Тој истакна дека на позадината на желбата на Украина да биде дел од ЕУ, не треба да се заборават земјите од Западен Балкан, кои долго време чекаат да влезат во ЕУ, така што е неопходно да се изнајде „нов концепт на европската политика за соседство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…