Објавено на:

Украински министер: Русија веќе го чувствува поразот во Украина

t

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба ја коментираше изјавата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Кулеба оцени дека изјавата на Сергеј Лавров за реалната опасност од избувнувањето на Третата светска војна укажува дека, како што наведе, „Москва чувствува пораз во Украина“.

Кулеба на Твитер напиша дека Русија ја губи последната надеж да го исплаши светот за да не ја поддржи Украина.

„Тоа само значи дека Москва се чувствува поразено во Украина. Затоа светот треба да ја удвои поддршката за Украина, за да победи и да ја заштити европската и глобалната безбедност“, рече Кулеба.

Министерот за надворешни работи на Русија вчера оцени дека постои „реална опасност од избувнување на Третата светска војна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на проширување…

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на проширување…

Трупа снег на Копаоник

На Копаоник се измерени три сантиметри снег,…

Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска…

Вчера околу 11.30 часот во Полициската станица…

Воени бродови на американската морнарица соборија ирански…

Воените бродови на американската морнарица за прв…

ХДЗ слави победа во Хрватска

Гордан Јандроковиќ, спикерот на последниот состав на…