Објавено на:

Украински пратеник: Војната ќе трае додека Путин не биде мртов или уапсен

t

Дмитрo Наталука, пратеник во украинската Врховна Рада кој сега е дел од одбраната на Киев, изјави дека војната во Украина ќе трае се додека рускиот претседател Владимир Путин е жив или барем додека не биде уапсен.

Наталука моментално носи пушка со себе, работи како курир што врши достава на медицински материјали каде што е потребно.

Во сторијата што за него ја објави Би-Би-Си, Наталука вели дека украинските пратеници биле однапред утврдени како мети, притоа повикувајќи се на информации добиени од разузнувачките служби.

– Ги добивме овие пушки за да се грижиме за себе бидејќи немаме никакво обезбедување, истакна Наталука за Би-Би-Си.

– Изгледаме како цивили, ние всушност сме цивили и затоа ни е многу полесно да се прикрадеме на места каде што не смее да се видат војниците и да ги снабдуваме со она што им е потребно, вели тој.

Наталука, кој е дипломец на Универзитетот Кембриџ, вели дека во моментов прави она што мора да го направи.

– Изгубив двајца пријатели во последните неколку дена, едниот во Мариупол, другиот во близина на Буча. Мојот пријател од Мариупол можеше да преживее доколку беше опериран, но немаа инструменти, вели тој.

Украинскиот пратеник е уверен дека Киев нема да падне, оти мора да се победи независно од цената бидејќи премногу добри луѓе веќе ги дале животите за тоа.

Запрашан за тоа до кога би можела да трае војната во Укрина, тој истакна дека нема да има мир се додека Путин е жив или барем се додека рускиот претседател на биде уапсен, притоа истакнувајќи дека тоа би можело да се случи во рок од шест месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто НАСА ќе испраќа дрвени сателити во…

Во 1957 година, првиот објект направен од…

„Ламборгини“ ќе ја скрати работната недела

Одлично е да се работи во „Ламборгини“,…

Зинедин Зидан реши каде ќе замине од…

Зинедин Зидан решил да му се врати…

Бајден: Израел почнува да ја губи поддршката

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека…

Што се случува со вашето тело по…

Иако спиењето во текот на ноќта е…