Објавено на:

Украински функционер: Русите планираат воена парада во Мариупол за Денот на победата

t

Русија планира да одржи воена парада во Мариупол за Денот на победата на 9. мај, објави на „Телеграм“ советникот на градоначалникот, Петро Андриушченко.

Андриушченко објави дека на Константин Ивашченко, кој Русите го назначиле да управува со деловите на Мариупол под нивна контрола, му било наредено да исчисти дел од центарот на градот од урнатините и мртвите тела за да може таму да се одржи воена парада на 9. мај.

Русија секој 9. мај ја слави победата над нацизмот во Втората светска војна.

„Судејќи според низа информации и податоци, окупаторите планираат да одржат ‘победнички карневал’ во Мариупол во случај нивната ‘специјална воена операција’ да биде успешна“, рече Андриушченко.

„Добрата вест е што во градот нема возила или луѓе кои можат да ја завршат работата“, додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поправале клима уред и украле пари и…

Во текот на вчерашниот ден во 20.15…

(Видео) Пукање во центарот на Прага: Повеќе…

Чешката полиција соопшти дека луѓе се убиени…

Перез: Ова е историски ден за фудбалот…

Главниот иницијатор за формирање на Суперлигата, Флорентино…

Полицијата уапси крадец кој потоа заврши во…

Вчера во 14.20 часот во село Бунарџик,…

Израел е подготвен за уште едно примирје…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска пред група…