Објавено на:

Унгарија го блоkираше влезот на Украина во центарот за сајбер одбрана на НАТО

t

Унгарија го блокираше учеството на Украина во работата на Извршниот центар на НАТО за кооперативна кибер-одбрана, пишува украинскиот весник „Европска правда“, повикувајќи се на неименуван извор.
Како што беше прецизирано, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, соопшти дека една од членките на Европската унија се противела на приклучувањето на Украина во сајбер центарот на НАТО, чие седиште се наоѓа во Талин.
„Постои институција наречена Сајбер-НАТО. Минатото лето таму ги доставивме соодветните документи, ги поминавме сите проверки. И таму, како и во НАТО, одлуките се носат со консензус. Така, една од европските земји ни го ускрати учеството во таа угледна институција“, изјави Данилов за „1 + 1“ телевизија.

Извор од „Европска правда“ кој учествуваше во процесот потврди дека правото на вето го искористила Унгарија.

Како што беше прецизирано, постапката за одобрување на украинското барање е започната во октомври 2021 година, а доколку биде успешно завршена, Украина би станала членка на центарот веќе на 1 јануари 2022 година.
Украинскиот весник пишува дека правилата им дозволуваат на членките на НАТО да го вратат барањето на Украина на разгледување. Но, имајќи предвид дека седниците на Советот на Центарот што носи одлуки за членство се одржуваат само двапати годишно, дури и во случај на позитивна одлука, Украина ќе може да се приклучи на таа структура дури од втората половина на 2022 година, наведува статијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Мирен изборен ден во фер и…

Денешниот изборен ден помина мирно во фер…

(Видео) Јакимовски: Покажавме дека можеме да организираме…

- Моите искрени честитки до сите граѓани…

Нека победи најдобриот: Затворени гласачките места!

Во 19 часот затворени се избирачките места…

До 18 часот излегле 47,61% од гласачите,…

Излезеноста на претседателските избори до 18 часот…

Во Шуто Оризари излезност од само 24,31%

Карпош, Аеродром и Центар со проценти над…