Објавено на:

Финска заплени руски уметнички дела

t

Финската царинска служба соопшти дека три пратки запленети на границата со Русија содржат уметнички дела од неколку руски музеи, кои биле позајмени за изложби во Западна Европа.

Според руските медиуми, овие уметнички дела биле на пат кон Русија бидејќи биле позајмени за изложби во неколку музеи во Италија, вклучувајќи ги и Palazzo Reale во Милано и музејот Galerie d’Italia.

Вкупната вредност на осигурувањето за делата е 42 милиони евра.

Запленувањето на граничниот премин Валима во југоисточна Финска на 2 и 3 април следеше откако пратките потпаднаа под санкциите на Европската унија воведени против Русија поради инвазијата врз Украина, соопшти финската царина.

Финското Министерство за надворешни работи соопшти дека руските уметнички дела, вклучувајќи вредни слики и статуи, се класифицирани како луксузни предмети кои се под санкции на ЕУ против Русија и оти Царината немала друга опција освен привремено да ги заплени.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Тему Сепонен изјави дека руските музеи ќе продолжат да имаат законска сопственост и дека уметничките дела кои се „привремено преземени“ се чуваат на безбедно место во Финска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Силно невреме, поплави и прекини на…

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса,…

Вучиќ: Американски компании ќе градат големи проекти…

Имаме големи економски проекти, американските компании градат…

Директорката на црногорската Агенција за спречување на…

Директорката на црногорската Агенција за спречување на…

Руски ракетни напади врз Запорожје и Одеса

Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз…

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети…