Објавено на:

(Фото) ПО ДОЛГО ВРЕМЕ СЕ ПОЈАВИ ЌЕРКАТА НА ТРАМП: По апсењето го дочека татко ѝ на Флорида

t

Таа со својот сопруг Мајкл Булос беше на прес-конференцијата на поранешниот американски претседател на имотот Мар-а-Лаго во Палм Бич по неговото појавување на суд.

Тифани Трамп, најмладата ќерка на Доналд Трамп, по долго време се појави во јавноста. Таа со својот сопруг Мајкл Булос беше на прес-конференцијата на поранешниот американски претседател на имотот Мар-а-Лаго во Палм Бич по неговото појавување на суд.

Тифани Трамп (24) е четврто дете на Трамп и единствено што го доби со поранешната и втората сопруга Марла Мејплс. Јавноста често ја доживуваше како несериозна, а на тоа влијаеше и нејзиниот татко кога изјави дека „тој е малку помалку горд на неа од другите негови деца“.

Минатата година се омажи за милијардерот Мајкл Булос, кој е четири години помлад од неа. Нејзиниот сопруг, наследник на нигерискиот конгломерат Boulos Enterprises од повеќе милијарди долари, е роден во Либан, израснат во Нигерија и се преселил во САД откако ја запознал.

https://www.instagram.com/p/CQWypLYhF5D/?utm_source=ig_embed&ig_rid=75f8a6bc-aa80-4d1b-b96f-9d2e93616402

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАСА ќе лансира дури три ракети за…

Ракетите ќе ја мерат густината на наелектризираните…

Шмит: Чувствувам дека сум гарант за постоењето…

Високиот претставник на Европската унија во Босна…

Додик повторно најави можност за независност на…

Република Српска (РС) не сака да го…

Пендаровски: Целосен ветинг на судии и обвинители,…

На вториот ден од победничкиот караван, кандидатот…

Лукаревска очекува дека ДУИ ќе го поддржи…

Заменик претседателката на СДСМ во интервју за…