Објавено на:

Франција ги забрани сите социјални мрежи на службените телефони

t

Француската влада соопшти дека на сите државни службеници им забранила на службените телефни да преземаат какви било платформи за социјални медиуми, апликаци за игри и видеостриминг поради сајбер безбедноста и загриженоста за приватноста на податоците.

Сабраната стапи на сила веднаш, а не се однесува само на кинеската платформа TikTok, туку и на Netflix и на Candy Crush. Овој потег на Франција следува откако институциите на ЕУ и други европски земји како Холандија, го забранија TikTok. Но, за разлика од Бреисел и Хаг, француската влада не ги забрани само кинеските, туку и европските и американските платформи.

„Овие рекреативни апликации не се дизајнирани да гарантираат ниво на сајбер безбедност кое би овозможило да се користат на дигиталните алатки за администрација“ вели францускиот министер за дигитална технологија, Жан Ноел Баро.

На почетокот на овој месец портпаролот на француската влада, Оливие Веран, соопшти дека министрите и претседателоит на државата, Емануел Маркон, повеќе не можат да преземаат апликации на социјални медиуми како Instagram и TikTok на своите службени телефони, а сега тоа се однесува на сите државни службеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…