Франција со неформален документ предложи формирање на Европска политичка заедница
Франција, како тековен претседавач со Советот на ЕУ, претстави неформален документ со кој се предлага до крајот на оваа годинава да се формира т.н. Европска политичка заедница, отворена, како што се вели, за сите европски земји кои сакаат заеднички да придонесат за безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент.
„Европската политичка заедница би била отворена за европските земји кои споделуваат заеднички збир на демократски вредности, без разлика дали се членки на Унијата или не и без разлика на нивниот актуелен однос со Европската унија: дали сакаат да ѝ се приклучат, дали ја напуштиле, воопшто не планираат да се приклучат или пак се поврзани со неа само со економски договори“, се наведува во текстот на документот во кој увид имала српската агенција „Танјуг“.
Според она што го пренесува агенцијата, Европската политичка заедница не би била алтернатива за членството во ЕУ, ниту замена за процесот на проширување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Генерален штрајк на приватните специјализанти од понеделник
Приватни специјализанти најавија генерален штрајк од понеделник.…
Пред 151 година од Солун во Велес…
На 9 април 1873 година од Солун…
Oваа камера ги фатила убијците на Данка
Во текот на истрагата полицијата ги проверила…
Десет пожари на отворено во изминатото деноноќие
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
(Видео) Фатен на дело: Крадец на акумулатори…
Наш сограѓанин на социјалните мрежи објави видео…