Цените на храната може да „скокнат“ и до 20 отсто поради конфликтот во Украина

t

Цените на меѓународната и на добиточната храна може да се зголемат за осум, до 20 отсто, како резултат на конфликтот во Украина, предизвикувајќи „скок“ на бројот на неухранети лица ширум светот, соопшти денеска агенцијата за храна на Обединетите нации.

Во прелиминарната оценка за руската инвазија на Украина, Организацијата за храна и земјоделство соопшти дека не е јасно дали Украина ќе може да собира житни култури за време на долготрајниот конфликт, има неизвесност и околу рускиот извоз на храна.

Според организацијата, Русија беше најголемиот светски извозник на пченица, додека Украина беше петта по големина. Двете земји, заедно, обезбедуваат 19 отсто од светската понуда на јачмен, 14 од пченица, четири проценти од пченка, сочинувајќи над една третина од глобалниот извоз на житни култури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен скопјанец кој ја тепал партнерката

Скопјанец кој ја нападнал вонбрачната партнерка во…

Во водите на Дрим е пронајдена автоматска…

На 09.12.2023 во 13:50 часот во Полициското…

Павле Трајанов побара информација од МВР за…

На денешната седница на Комисијата за одбрана…

Малолетник носел кеса со марихуана, па е…

Денеска (11.12.2023) во Скопје, на подрачје на…

Вучиќ: Ситуацијата во Косово ќе се заострува!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изрази…