Објавено на:

Чавушоглу: Првата рунда од преговорите за нормализација на турско-ерменските односи може да се одржи во Ереван

t

Турција и понуди на Ерменија првата рунда преговори за нормализација на турско-ерменските односи да се одржи во Ереван, јавува турската агенција Анадолу.

Ние и понудивме на Ерменија првиот состанок да може да се одржи во Ереван, но Ерменија сè уште не е подготвена за тоа поради внатрешни притисоци – изјави шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, на заедничката конференција на министрите за внатрешни работи и надворешни работи на Турција и Австрија во Анкара.

Чавушоглу изјави дека ерменската дијаспора е поделена во однос на процесот на нормализација на турско-ерменските односи и додаде дека во Ерменија имало демонстрации на одредени екстремистички групи во врска со процесот.

Чавушоглу изјави дека Турција се консултира со Азербејџан за секоја фаза од процесот на нормализација и дека сака „процесот да продолжи постепено“. Тој порача дека Турција ја поддржува нормализацијата на односите меѓу Ерменија и Азербејџан.

Турското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека ерменскиот и турскиот претставник за нормализација на билатералните односи се договориле на состанокот во Виена „што е можно поскоро“ да се отвори копнената граница меѓу двете земји за граѓаните на трети земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Богоев: Високи резултати во приходите на Царината,…

Директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, на…

Грција ѝ заби нож во грб на…

Известувачот за прием на Косово во Советот…

Се огласија родителите на Данка: Како среќниот…

Семејството на убиеното девојче Данка Илиќ од…

Парламентарното собрание на Советот на Европа го…

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ)…

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател…

Претседателот на државата, неговата сила и функција…