Чепреганов: Бугарија била нациофашистичка држава, Петков требаше да се извини на 3000 Евреи кои што беа депортирани од Битола

t

Зошто клубот е отворен токму во Битола, дали пробугарската струја е најсилна во Битола, праша историчарот Тодор Чепреганов во емисијата Студио 10 на ТВ 24.

-Не можете вие да бегате од историските факти, тоа што било се случило, Бугарија била не само фашистичка, туку и нациофашистичка држава. Зошто Петков и неговата политичка свита вчера не отидоа да се извинат и да се поклонат на споменикот на 3.000 евреи кои што беа депортирани од Битола, а дојдоа да се поклонат на отворање на културен клуб кој носи име Иван Михајлов, вели тој.

Чепреганов ја искоментира и изјавата на Ципрас и Заев на конгресот на СИРИЗА, посочувајќи дека не може Заев да биде патриот а го променил името на сопствената држава.

-Еве сега видовме во Грција на конгрес на СИРИЗА, Ципрас кажа дека со Заев биле патриоти. Па како може Заев да биде патриот а е за Грција. Пазете на сопствениот народ да му го промените името, да го негирате постоењето на македонско малцинство во Егејска Македонија и тоа да го сметате за патриотизам, кажа Чепреганов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Салиу: Сакајќи да му помогнат на министерот…

Да, можам да потврдам дека ова е…

Јакимовски: Високата корупција е приказна создадена од…

Помилување не може да добие терорист, порача…

На изборите во Македонија 88 странски набљудувачи,…

Вкупно 88 набљудувачи од странство ќе ги…

Таравари: Како претседател ќе ги помилувам осудените…

Во делот на реформите во правдата и…

Шок и неверување меѓу колегите: Пејачот од…

Мујо Хоџиќ, поранешен учесник на музичкото натпреварување…