Шаќири: Кога Комисијата ќе процени да не се носат маски, тогаш ќе се тргнат

t

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање кога учениците ќе престанат да носат маски во училишта, рече дека тоа зависи од проценката на Комисијата за заштита од заразни болести.

Кога комисијата за заразни болести ќе процени дека не се потребни во образовниот процес, јас сум сигурен дека тие ќе дадат препорака да се тргнат маските. Знам дека сме во период кога очекуваме олеснување на мерките, но, исто така знаеме дека и кога ќе имаме полесни препораки можеме да имаме зголемување на бројот на заразените, одговори Шаќири.

Околу усогласувањето на платите во образованието министерот одговори дека има закон за зголемување на платите.

Ние имаме за цел да ги мотивираме наставниците. Јас досега со претставници на СОНК имам реализирано три состаноци и еден со другите ресорни министерства, на кои ги разгледуваме барањата. Во делот на зголемување на платите една од препораките е дека треба да се нивелира минималната плата со другите плати. Значи, нема да има луѓе кои ќе бидат под минималната плата. Но, во процес на комуникација сме и јас повеќе пати имам кажано само штрајкот да не се гледа како решение на овој проблем. Ги знаеме економските состојби и затоа треба да се бара решение, рече министерот за образование и наука, Јетон Шаќири кој денеска престојуваше во Струмица и Валандово на дијалог за креирање на уписната политика за учебната 2022-2023 година и унапредување на средното стручно образование.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

11 лица незаконски работеле на Токсикологија

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант…

Руските сили ја заробиле најмоќната верзија на…

Како што пишува магазинот „Милитари воч“ (Military…

Даштевски: Гласањето помина мирно, излезноста во дијаспората…

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар…

Столтенберг: Американската помош за Украина не е…

Воената помош за Украина во вредност од…

Трамп: Ова е многу тажен ден за…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пристигна пред…